Barış Gündoğan
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
АНКАРА (АА) - БАРИШ ГУНДОГАН –Турските сили и Слободната војска на Сирија продолжуваат да напредуваат во стегањето на обрачот околу центарот на Африн, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а во ослободените региони, откриени се нови документи и снимки, кои потврдуваат дека терористите принудно ги носат малолетниците на боиштата, за кое зборуваат и извештаите на многубројните меѓународни организации за човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили во досегашниот тек на операцијата „Маслинова гранка“, ослободија речиси половина од подрачјето на Африн, кој од 2012 година е под окупација на терористите.
Соочени со големи губитоци на терен, терористите на ЈПГ/ПКК вршат сè поголем прититок на цивилите во тој регион, а особено на малолетниците кои принудно ги носат во кампови за обука и на боиштата.
Во ослободените делови на Африн, пронајдени се голем број документи, кои ги потврдуваат тие наведувања.
Турските војници и борци на сириската опозиција запленија голем број фотоапарати, кои ги пронашле кај неутрализираните терористи или во нивните засолништа, а на мемориските картички на тие апарати се наоѓаат фотографии и снимки, на кои, исто така, се гледаат малолетниците, кои принудно се однесени на боишта.
И меѓународната организација „Human Rights Watch“ (HRW) во повеќе наврати предупредуваше на кршење на правата на децата, кои терористите на ЈПГ/ПКК, принудно ги носат на боишта, а запленетите фотографии и снимки тоа несомнено го потврдуваат.
На снимките се гледаат малолетници на возраст од 13 до 17 години, кои се униформирани и вооружени во терористичките кампови.
Децата на школска возраст, кои би требало да носат моливи и ранци и да си играат во дворовите, на фотографиите позираат со калашников и војнички ранци во терористичките кампови на планините, во кои се гледаат и постери на лидерите на терористичката организација ПКК, вклучувајќи го и Абдула Оџалан.
Иако Меѓународната заедница не прави ништо за заштита на децата, кои принудно се носат на боиштата, тој проблем е често укажан на јавноста од организациите за заштита на човекови права.
Комесаријатот за човекови права на Обединетите нации, потоа „Human Rights Watch“ (HRW), и „Amnesty International“ (AI), се само некои од организациите, кои во извештаите забележаа дека терористите на ЈПГ/ПКК во своите редови принудно ги носат децата-војници и така го кршат меѓународното право.
Ресорната пратеничка на генералниот секретар на ОН, Вирџинија Гамба, по повод 12 февруари, кога се одбележува Меѓународниот ден против користење на децата во војна, објави соопштение, во кое се наведува дека Сирија е земја во која тој проблем е најизразен.