Adham Kako
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во нападите што припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги извршија на населбите во Источна Гута, загинаа 18 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА јавува дека припадниците на режимот во утринските часови започнале напади на подрачјата на Дума, Хараста, Месраба и Медјерa.
Припадниците на цивилната заштита истакнуваат дека во режимските напади на Медјера загинале деветмина цивили, од кои едно дете и две жени, а 25 цивили се ранети.
Во нападот на режимот на пазарот во Дума загинаа седуммина цивили, а во воздушните напади на Ирбин и Месраба, загинаа двајца цивили.
Голем број ранети се префрлени во болниците, а акциите за спасување се во тек.
Во нападите извршени од 14. ноември во Источна Гута и во околните подрачја загинаа повеќе од 130 цивили.