ИСТАНБУЛ (АА) - Пред извесно време, во многу кругови беше раскажувана една приказна. Според оваа приказна, Турција го игнорирала присуството на ДЕАШ во Сирија или барем во најмала рака, Турција замижувала пред странските платени војници кои лесно ја минувале границата. Некои тврдеа дека Турција соработува со ДЕАШ. Дури имаше и тврдења дека Турција тргувала нафта со ДЕАШ.
- Се обвинува Турција
Воопшто не е важно колку се сериозни сите овие обвинувања. Всушност, важно е што под притисок беше борбата што Турција ја водеше за докажување на својата невиност. Воопшто не беше лесно да се докаже дека Турција нема никаква поврзаност. Иако на повеќепати таа беше жртва на нападите на ДЕАШ, и Западот и Русија тврдеа дека Турција ја поддржува ДЕАШ. Анкара даде голем број аргументи со цел да покаже дека ДЕАШ ја гледа како терористичка организација и постојано им се обраќаше на оние што го тврдеа спротивното. Но западните медиуми постојано објавуваа невозможни тврдења и успеваа без прекин да пишуваат против Турција.
- Турција воопшто не беше поддржана
Заедно со почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, постепено почнаа да исчезнуваат тврдењата дека постои соработка меѓу Турција и ДЕАШ. Но Турските вооружени сили (ТСК) ниту од Русија, ниту од коалицијата предводена од САД не доби никаква поддршка. Особено за веме на судирите во Ел Баб и во Дабик. Меѓународните коалициски сили долго време одбиваа да им дадат воздушна поддршка на турските вооружени сили. По долги дискусии и по големите загуби од турска страна, коалицијата, и тоа безволно, почна да ја дава воздушна поддршка. По ослободувањето на центрите на овие градови, турските сили добија поголем замав и почнаа да напредуваат кон истокот за да му нанесат уште поголем пораз на ДЕАШ.
- Турција беше запрена
Но режимските сили кои се приврзаници на Асад, одеднаш се појавија првично јужно од Ал Баб, за подоцна да се појават и пред Африн и Мумбич. Русија формираше безбедносен појас и за ПЈД и за ДЕАШ. Доколку борбата навистина беше против ДЕАШ, тогаш никој немаше да направи таква линија меѓу ТСК и територијата што ја контролира ДЕАШ. Во исто време, како пречка за можна турска интервениција, во најважните подрачја под ПЈД беа поставувани американски знамиња. Доколку вистинската причина за војната во Сирија беше ДЕАШ, тогаш требаше Американците и Русите да соработуваат со Турција, наместо да формираат одбранбени линии наспроти неа.
И покрај отвореното непријателство што го презентира САД, турската Влада трпеливо продолжи до САД да упатува повици за соработка. На постојаните средби, Турција предлагаше соработка во борбата против ДЕАШ и заеднички операции за чистење на Рака и на околните подрачја од терористите. Но, Вашингтон постојано изнаоѓаше најразлични начини за да може да ги отфрли сите овие понуди, понекогаш учтиво, понекогаш грубо.
- Поддршка на една група терористи против други
САД наместо да изнајдат легитимен начин и дипломатско решение, одбраа во борбата против една терористичка организација да им дадат поддршка на друга терористичка организација. Тоа е основната причина за моменталната состојба во војната во Сирија, за која не се знае кога ќе заврши. Тоа предизвика големо разочарување кај Турција. Не можеме да кажеме дека станува збор за некаква аномалија. Напротив, она што САД го направија за ПЈД е честа ситуација и е идеолошка стратегија што САД ја спроведуваат низа години наназад. Можеме многу лесно да најдеме примери на овој метод. Ал Каеда во Авганистан е најдобар пример за таквата ситуација; организација која е хранета, израсната и активно поддржувана од САД, наспроти Советскиот Сојуз.
Овој метод кој е атрактивен, воглавно е прифатен како паметна стратегија и беше користена и во други ситуации. Но, во секоја ситуација имаше ефект на бумеранг: Ал Каеда на крајот се сврте против САД, и покрај потрошените милијарди долари во борбата против оваа организација, животот го загубија и илјадници Американци. Истиот метод на формирање терористичка организација се прави и во моментов. Во претходните примери, против комунизмот се поддржуваа терористички организации базирани на верска основа. Во моментов, марксистичка терористичка организација се поддржува против верска организација. Во овој модел нема ништо ново. Сега само имаме ситуација кога песочниот часовник е свртен наопаку, сега другиот стаклен сад се полни со песок. Кога горниот стаклен сад ќе се испразни, повторно целиот предмет ќе биде свртен наопаку и полниот сад повторно ќе почне да го исполнува празниот сад!
- Валкан договор
И покрај сѐ, САД се однесуваат како да не ја гледаат најосновната реалност. Може да се забележи дека не научиле ништо од претходното. Очигледно е дека овој метод не функционира, но администрацијата на САД постојано оди рака под рака со овие терористички организации. Најсензационално е заедништвото кое излезе на виделина во последната ситуација. Телевизискиот канал „Би-би-си“ (BBC) објави видео-материјал на којшто може да се забележи последната група борци на ДЕАШ, како заедно со своите семејства ја напуштаат Рака под контрола на ПЈД, а под надзор на американските набљудувачи. Во вестите кои се појавија во врска со оваа „валкана тајна“ се истакнува дека ПЈД и ДЕАШ постигнале договор со кој терористите на ДЕАШ слободно го напуштиле градот. Бегството од градот на некои непокорни лидери на ДЕАШ им било обезбедено од страна на тамошните претставници. Претставниците на коалицијата беа принудени да го признаат своето присуство за време на преговорите, но наводно „немале активна улога”. Може да се забележи дека не можат да го негираат своето присуство таму, но досега единствено што направија е дека се обидоа да покажат дека е многу мал нивниот удел во сето тоа. Тоа е ублажено признание.
- Коалицијата се приклучи кон валканиот договор
Објавената вест од страна на водителите на „BBC“ беше окарактеризирана како шокантна, но веста за турската заедница воопшто не беше изненадувачка. Поголем дел од турската заедница, уште од самиот почеток на појавата на ДЕАШ, помислуваше дека оваа терористичка организација е во координација со Западот. Човек оваа замисла може да ја сврти и на друга страна и да ја нарече „теорија на заговор“. Оваа замисла доби на тежина по изјавата на претседателот Доналд Трамп во којашто тој тврди дека ДЕАШ е творба на администрацијата на поранешниот американски претседател Обама. Оваа изјава Турција ја гледа како директно признавање. Се разбира дека никогаш нема да биде лесно да се најде доказ кој директно ќе посочи на соработката меѓу САД и ДЕАШ, Но веќе не е тајна дека Владата на САД и ДЕАШ направиле договор.
За тоа зошто е направен ваков договор, може да изнесат серија образложенија. Пример, доколку не беше овој договор, тоа ќе беше многу крвава војна и за двете страни; за да не се пролее крв, договорот беше избран како пат за да се избегне крвопролевање. Но ваквите образложенија не можат да го оправдаат овој валкан и таен договор. ДЕАШ е прогласена за крвава терористичката организација и според тоа, борбата против неа треба да продолжи без сожалување. Како што е познато, оваа борба е именувана како „борба на уништување во која нема да биде оставен жив ниту еден терорист“ и не требаше да биде правен никаков договор. Но ветувањето не беше исполнето. Коалицијата дозволи овие опасни терористи да се спасат од сириската пустина. Ние само не знаеме кога, каде и на кој начин ќе се појават истите тие терористи. Ако нешто знаеме со сигурност, тоа е дека ќе се појават повторно. Доколку една група терористи со тешко вооружување и самоубиствени бомбашки појаси можат да избегаат од утврдени места, тогаш треба за одговорни да се гледаат набљудувачите кои им дозволија на терористите да се провлечат на тој начин. Овие терористи многу веројатно тоа оружје ќе го користат против цели во Сирија, Ирак, Турција, Јордан и во останатите земји од Блискиот Исток, додека самоубиствените бомбашки елеци, најверојатно ќе бидат активирани и во некои западни земји.
Повеќе не станува збор за соработка во борбата против тероризмот. Доколку зборуваме за точката до којашто се дојдени нештата, потребно е да се покаже барем љубезност во размената на разузнавачки информации со цел да се намали бројот на жртвите во она што ќе се случи по ова. Но се гледа дека членовите на коалицијата не се наконети ниту кон споделување информации во врска со овие терористи, ниту пак за соработка.
- Коалицијата дури и не споделува информации
Според „Rеuters“ (Ројтерс), коалицијата ги документирала биометриските податоци на терористите на ДЕАШ кои ја напуштиле Рака. Но турските официјални претставници кои зборуваа за истата новинска агенција изјавија дека со нив не се споделени никакви информации во врска со споменатите терористи. Истите претставници се пожалиле дека тоа нема да им помогне во борбата против тероризмот. Многу е нормална загриженоста на Анкара, бидејќи голема е веројатноста тие терористи да преминат во Турција, чија граница се наоѓа во близина. И покрај тоа, традиционалните партнери уште еднаш избраа да не соработуваат со Анкара. За избегнувањето на ваквата соработка може да се изнесат најразлични изговори и објаснувања, но што се сака да се каже со ваквото однесување, е едно од најважните нешта што стојат пред нас: може да се забележи дека коалицијата сака да ја уценува Турција преку ДЕАШ со споделувањето на овие важни информации. Уште еднаш ДЕАШ се користи како стап за закана кон Владата на Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
