Ekipa
29 Август 2019•Ажурирај: 30 Август 2019
ИДЛИБ (АА) – Во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и на Русија, во деескалационата зона во Идлиб загинаа 7 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади на Асадовиот режим спроведени во населеното место Маршимше во Идлиб животот го загубија 4 цивили.
Според воените опозиционери, руските воени авиони го нападнале селото Тух и при нападот загинале 3 цивили.
Руските воени авиони, исто така, ги нападнале селата Тел Менис, Дер Шарки, Ел Бара и Масаран и областите Џерџеназ, Теманија и Кенсафра.
- Ситуацијата во Идлиб -
Режимот на Асад и неговите приврзаници, непочитувајќи ги договорите од Астана продолжуваат со интензивни напади во деескалационата зона во Идлиб. Напредокот на режимот од копно предизвикува загриженост дека ќе се зголеми имиграцијата и масакрот врз цивилите.
Од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот за Идлиб меѓу Турција и Русија, досега се раселија 945.992 цивили. За време на истиот период во нападите на режимот и на Русија животот го загубија 1.282 цивили, меѓу кои 219 жени и 341 дете.