Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
АЛ БАБ (АА) ‒ Едно лице загина како последица на експлозија на автомобил бомба во подрачјето на Ал Баб во северна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомба поставена на возилото експлодира во близина на Џамијата „Фатиме Зехра“ во подрачјето на Ал Баб, кое беше исчистено од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Во терористичкиот напад загина едно лице.
Локалните безбедносни сили кои вршат истрага на местото на настанот се фокусираат на можноста нападот да е организиран од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Областа Ал Баб во северна Сирија беше исчистена од терористичката организација ДЕАШ во февруари 2017 година како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.