Servet Günerigök
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
ВАШИНГТОН (АА) ‒ Сѐ повеќе Американци сакаат да работат оддома наместо да се вратат во канцеларија, покажува анкетата објавена вчера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачкиот центар „Пју“ во новото истражување соопшти дека повеќе работници денес велат дека тоа го прават по избор, а не по потреба.
„Меѓу оние кои имаат работно место надвор од нивниот дом, 61 отсто сега велат дека избираат да не одат на своето работно место, додека 38 отсто велат дека работат оддома бидејќи нивното работно место е затворено или недостапно за нив“, се вели во истражувањето.
Претходно, за време на пандемијата на Ковид-19, 64 отсто анкетирани рекле дека работат оддома бидејќи нивната канцеларија е затворена, а 36 отсто рекле дека избираат да работат оддома.
Причините за работа оддома меѓу анкетираните вработени варираат, при што 42 отсто ја наведуваат изложеноста на Ковид-29, додека 76 отсто рекле дека тоа е едноставно нивни избор.
Спроведено од 24 до 30 јануари, истражувањето опфати 10.237 возрасни лица во Соединетите Американски Држави (САД), вклучително и 5.889 вработени кои имаат само една работа или кои имаат повеќе работни места.