Adham Kako
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека од 2011 година досега, за време на месецот на постот, Рамазан и празникот Рамазан бајрам, биле убиени околу 19.000 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на СНХР, од 2011 година, кога започна граѓанската војна, досега, во текот на месецот на постот, Рамазан, биле убиени вкупно 18.974 цивили, од кои 2.675 деца и 2.339 жени.
Силите на режимот кои се состојат од војската на Асадовиот режим и странските терористи поддржани од Иран, за осум години во горенаведените периоди убиле вкупно 16.114 цивили, од кои 2.196 деца и 1.967 жени, додека руските сили убиле вкупно 246 лица, од кои 46 деца и 51 жена.
Исто така, терористичката организација ЈПГ/ПКК убила вкупно 156 цивили, од кои 27 деца и 16 жени, додека терористичката организација ДЕАШ убила вкупно 137 цивили, од кои 89 деца и 102 жени.
Во нападите на силите на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ загинале вкупно 307 цивили, од кои 174 деца и 49 жени, додека воената опозиција и антирежимските вооружени групи биле причина за смртта на 412 цивили, од кои 67 деца и 110 жени.
Од друга страна, вкупно 602 цивили, од кои 76 деца и 44 жени, го загубиле својот живот како резултат на неидентификувани страни.
Во извештајот се вели дека само за време на празникот Рамазан бајрам биле убиени 1.704 цивили.
Според тоа, силите на режимот биле причина за смртта на 1.475 цивили, Русија била причина за смртта на 30 цивили, ЈПГ/ПКК била причина за смртта на 28 цивили, ДЕАШ бил причина за смртта на 19 цивили, воената опозиција и антирежимските вооружени групи биле причина за смртта на 33 цивили, коалицијата била причина за смртта на 14 цивили, додека неидентификувани страни биле причина за смртта на 105 цивили.