Mohamad Misto,Safiye Karabacak
20 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ХУМУС (AA) - Околу 250 илјади цивили кои околу четири години живеат под опсадата на сирискиот режим во руралните делови на Хумус во Сирија лишени се од најосновните животни намирници, јавува Anadolu Agency (AA).
Најчестите проблеми со кои се соочуваат жителите на тоа подрачје се недостаток на храна, електрична енергија, лекови и многу ложи услови во болниците.
Од друга страна, на истото подрачје продолжуваат нападите на сирискиот режим во кои до сега загинаа повеќе од стотина лица додека илјадници се ранети.
Активистите тврдат дека до сега, поради строгите забрани на сирискиот режим, само во ретки прилики се одобрува достава на хуманитарна помош на загрозените жители.
Минатата година само во два наврати е овозможена доставата на хуманитарна помош на загрозените жители.
Одредени трговци дури им даваат и мито на припадниците на сирискиот режим за да внесат храна на подрачјето под опсада која потоа ја продаваат по многу високи цени.
Јасир ес-Сејид Али, кој живее во местото Ел-Ахвле, за АА рече дека поради опсадата многу луѓе страдаат на тоа подрачје.
„Опсадата негативно ги погоди сите фери на животот на ова подрачје, посебно откако режимот ги затвори сите премини и патишта", рече Али.
Истакна дека во градот е многу тешко да ги најде потребните артикли, а цените како што рече се многу високи поради што поголемиот дел од луѓето немаат можност да ги обезбедат.
„Цените десет пати се поголеми од цените кои беа пред војната. Цените на горивата исто така многу пораснаа", рече Али.
Сириецот Абдурахман ал-Јасин, рече дека најтешко е да се дојде до храната за да успеат да преживеат.
„Повеќето од времето не можеме да најдеме храна. Повеќето од луѓето на ова подрачје се во таква ситуација. Најскапиот леб во земјата е тука кај нас", рече овој Сириец.
Сами Алем, кој работи како болничар во Ел-Хавле, истакна дека опсадата многу негативно влијае на здравјето на луѓето на тоа подрачје.
„Во болницата во која работам немаме модерна опрема за лекување на луѓето. Ни недостасуваат и лекови и вреќички за крв. Немаме ниу лекови за проблемите со срцето и високиот крвен притисок. На пациентите им даваме алтернативни лекови", истакна Алем.