Fatjon Prronı
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Остатоците од авионот кои беа пронајдени во близина на грчкиот остров Карпатос денес, му припаѓаат на авионот на EgyptAir од летот MS804, потврдија египетски власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објавеното соопштение, EgyptAir вели дека преку официјално писмо од министерот за надворешни работи на земјата е потврдено потеклото на остатоците.
EgyptAir соопшти дека семејствата на патниците и екипажот на авионот веќе се информирани.
„Во меѓувреме, египетскиот истражен тим во соработка со грчките колеги сè уште се во потрага по преостанатите делови од исчезнатиот авион“, се додава во соопштението.