Satuk Buğra Kutlugün
20 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
КАИРО / АТИНА (АА) - Втор ден од потрагата по исчезнатиот авион на египетската авиокомпанија EgyptAir A320, за кој не се знае дали исчезнал или се срушил за време на летот Париз - Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетските официјални лица го корегираа своето тврдење дека пронајдените остатоци на авион во близина на грчкиот остров во четвртокот му припаѓале на исчезнатиот авион на летот MS804.
Локална информативна платформа на египетската улица, пренесувајќи го соопштението на компанијата, објави: „Ниту еден дел или остаток од исчезнатиот авион на EgyptAira од летот MS804 не се пронајдени.“
Синоќа компанијата соошти информации, кои наводно се наоѓале во службениот допис на египетското Министерство за надворешни работи, дека пронајдените делови кај грчкиот остров Карпатос му припаѓаат на исчезнатиот авион. Ова тврдење подоцна било демантирано од страна на официјалните лица на грчката авијација.
Авионот на EgyptAir на летот од Париз за Каиро со 66 патници и членови на екипажот исчезна во југоисточниот дел на Средоземното Море во четвртокот рано наутро, откако влегол во египетскиот воздушен простор, претходно соопшти компанијата.
Во изјавата на компанијата се известува дека авионот со 56 патници, 7 членови на екипажот и три лица од обезбедувањето, изгубил контакт со радарскиот систем во утринските часови.
Таа извести дека Airbus A320 бил на висина од 37.000 стапки и дека исчезнал откако околу 10.000 милји навлегол во египетскиот возсушен простор.
Во аионот се наоѓале 30 Египјани, 15 Французи, двајца Ирачани, потоа Британец, Белгијанец, Португалец, Алжирец, Суданец, и по еден државјанин на Чад, Кувајт и Саудиска Арабија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во четвртокот изјави дека според информациите египетскиот авион се урнал и е изгубен.
Грчката авијација соопшти дека нивните контролори на лет се обиделе да стапат во контакт со авионот откако тој влегол во египетскиот воздушен простор, но немало никаков одговор.
Последна несреќа слична на оваа во овој дел од светот, се случила во октомври 2015 година, кога се сруши авион со 224 патници, воглавно руски туристи. Авионот полетал од египетското летувалиште Шарм ел Шеик. Одговорноста за таа несреќа ја презеде терористичката организација ДАЕШ.