Ali H. M.Abo Rezeg
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Силите на сириската опозиција ја продолжија операцијата за разбивање на опсадата врз градот Алепо, и во изминатите 24 часа им нанесоа нови загуби на силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Третиот ден од операцијата борците на сириската опозиција презедоа контрола над неколку населби во подрачјето Ал Хамданија, долж западниот влез во центарот на Алепо, кој се наоѓа во обрачот на сириската војска.
Центарот на Алепо го контролира опозицијата, но тоа подрачје со околу 300.000 цивили, веќе неколку месеци е под опсада на силите на Асад.
Цел на актуелната операција на сириската опозиција е прекин на обрачот на сириската војска околу Алепо. Опозициските сили моментално се наоѓаат на околу три километри од центарот на градот.
Неколку стотина метри до комплексот на Воената академија, со артирелиски напади опозицијата му нанесе тешки удари на силното и стратешко упориште на силите на Асад.
„Нашата операција има за цел прекин на опсадата на Асад врз Алепо и ослободување на целиот град. Операцијата започна во петокот и веќе зазедовме неколку важни упоришта на сириската војска”, изјави командантот на опозициските сили, Амар Сакар.
Истакнувајќи дека сириската опозиција се бори против светските моќни сили, како сириската војска, Русија и милитантите од целиот свет, Сакар изјави дека операцијата е покрената во време на прекинот на артирелиските и воздушни напади на сириските и на руските сили. Тој тврди дека до прекин на воздушните напади врз опозициските упоришта дошло поради временските услови.
Сирија е жариште на стравична војна, во која од март 2011 година загинаа речиси половина милион луѓе.