Ali H. M.Abo Rezeg
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ИДЛИБ (АА) - Денес во сирискиот Ал Баб, во подрачјето на Алепо, пристигна 17. конвој кој пренесува цивили и борци на опозицијата од Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвојот од 74 автобуси превезува 3.548 лица, вклучувајќи 1.346 деца и 877 жени, на кои ќе им биде обезбедено привремено сместување во привремениот бегалски камп во Ал Баб.

Според репортерите на АА во оваа област, евакуациите од различни делови од Дума и Источна Гута се во тек.
Со операцијата „Штитот на Еуфрат“ на турските сили, која беше започната кон крајот на 2016 година, е ослободено подрачјето на Ал Баб од терористичката организација ДЕАШ.
Операцијата која заврши во март минатата година, во голема мерка успеа да ја расчисти турско-сириската гранична област од присуството на терористите.
Според проценките, од почетокот на евакуацијата на 22 март, Источна Гута досега ја имаат напуштено повеќе од 50.000 лица.
Евакуациите се спроведени како дел од Договорот меѓу режимот на Асад и вооружените опозициски групи, со посредство на Русија.
На 24 февруари, Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата 2401, која повикува на прекин на огнот во Сирија (особено во Источна Гута), за да се овозможи достава на хуманитарна помош.
И покрај Резолуцијата, сепак, режимот и неговите сојузници во почетокот на март започнаа голема офанзива со поддршка на руските сили, со цел заземање на деловите во подрачјето кои се под контрола на опозицијата.
Припадниците на режимот на Асад, со воздушна поддршка на Русија, на 19 февруари започнаа акција за преземање на контролата врз Источна Гута, а оттогаш се убиени над 1.400 лица.
Оттогаш се вршат интензивни напади врз наведеното подрачје во кое, според претпоставките, живеат околу 400.000 луѓе.
Во нападите се убиени многу цивили, а неколку илјади останаа без покрив над главата и беа принудени да одат во засолништа и подруми.