Şerife Çetin
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Во сообраќајни незгоди во земјите на Европската Унија, минатата година загинаа 25.300 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во 2017 година, на патиштата настрадаа 25.300 луѓе, а многумина се здобија со повреди кои им ги променија животите. Мислам дека ЕУ може да стори повеќе за да ги заштити Европејците“, порача Виолета Булц, европската комесарка за транспорт.
Булц додаде дека Европската комисија работи на преземање на конкретни чекори за зголемување на безбедноста на патиштата, а основна цел е да се спасат што е можно повеќе животи.
Објавените податоци покажуваат дека бројот на жртви во 2017 година е за 2 проценти понизок отколку во претходната година.
Податоците на Европската комисија покажуваат дека околу 135.000 луѓе се сериозно повредени секоја година.
Статистичките податоци покажуваат дека бројот на загинати луѓе на патиштата во Шведска, Велика Британија, Холандија и Данска е намален, додека стапката на смртност е висока во Романија и Бугарија.