İnci Gündağ
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Британските и американските експерти предупредија дека одењето по дома во чевли со кои се газело надвор, може да предизвика сериозни здравствени проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањата на експертите од Универзитетот во Аризона, во САД, на обувките со кои се гази надвор може да се најдат околу 421.000 бактерии, а во внатрешниот дел, 2.887.
Тие предупредуваат дека меѓу нив има многу бактерии кои можат да предизвикаат прекинување на работата на внатрешните органи или инфекција.
Џонатан Секстон, од Универзитетот во Аризона, рече дека бактериите можат да живеат неколку недели.
„Со носењето чевли во куќата, сето она кое го газевте во текот на денот, го внесувате во куќата“, предупреди тој.
Слично мислење има и Мајкл Логлин, од британскиот Универзитет „Трент“ во Нотингем.
„Бактериите што се наоѓаат на чевлите доаѓаат од она на коешто газиме. Доколку стапнеме на животински измет, потребно е добро чистење на чевлите на кои можат да бидат сместени бактериите штетни за здравјето на луѓето“, рече Логлин.
Резултатите од студијата покажуваат дека количината на бактериите од чевлите исчистени со детергент, може да се намали до 90 проценти.