Handan Kazancı
08 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
КИЛИС (АА) - Илјадници сириски бегалци се враќаат во својата татковина за месецот на постот, Рамазан, откако Турската армија ги уништи терористичките засолништа во близина на границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјален претставник од Кабинетот за миграции во Турција, речиси 39.000 Сиријци се вратиле во своите области, меѓу кои Азаз, Африн, Џарабулус и Ал Баб, откако тие беа обезбедени за време на турските воени операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.
„Вкупно 76.000 Сиријци поднесоа барања по електронски пат до турските власти за својот најголем муслимански празник да го поминат во Сирија“, изјави официјален претставник, под услов да остане анонимен.
Сиријците во Турција ќе се враќаат во периодот од 26 јуни до 6 јули.
Сирискиот државјанин Садам Хако, во разговор за АА изјави дека во Сирија се враќа по вторпат од почетокот на граѓанската војна.
Тој исто така рече и дека се надева дека ќе ги види своите родители по три години.
Упати пофални зборови до Турција и Армијата кои ги расчистија терористите од оваа област, изјавувајќи: „Можеме лесно да се вратиме во своите домови.“
Официјалните лица од турската Миграциска агенција, како и тимовите на жандармеријата и полицијата, им помагаа на Сиријците кои се наоѓаа во тампон-зоната и на граничниот премин во турската гранична област Килис.
Турските здравствени официјални лица ги вакцинираа сириските деца на возраст 0 - 15 години, а некои хуманитарни организации дистрибуираа за нив вода во шишња.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна во август 2016, а заврши во март 2017 година, беше со цел елиминирање на терористичката закана долж турската граница со помош на Слободната сириска армија.
На 20 јануари Турција лансираше уште една операција под назив „Маслинова гранка“, со цел елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ од северозападниот сириски регион Африн.
На 18 март, 58. ден од операцијата, турските трупи и членовите на Слободната сириска армија го ослободија градот Африн, неутрализирајќи 4,497 терористи.