Tufan Aktaş
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
АДИС АБЕБА (AA) - ТУФАН АКТАШ - По медицинското образование во Турција, лекарот од Етиопија Џелал Мухамед Хасан се вратил во својата земја.Тој сега ги лекува граѓаните во болницата што ја основал во Етиопја, јавува Anadolu Agency (AA).
Џелал Мухамед Хасан дипломирал на Медицинскиот факултет „Џерах Паша“ при Истанбулскиот универзитет, и ја основал болницата „Афран“ во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, каде што секојдневно дава здравствени услуги на стотици пациенти.

Хасан се родил во сиромашно семејство во градот Адама, кој е оддалечен 100 километри од главниот град, и пораснал со 6 браќа. Тој во разговор за Anadolu Agency (AA) за стекнатото искуство при школувањето во Турција.
Лекарот вели дека неговото патување во Турција започнува во 2001 година со добивање стипендија од Програмата за стипендии на Исламската банка за развој на Турција, а турскиот јазик го научил во Анкара.
„Учев најмалку 6 часа секој ден, единствениот странец и Африканец во класот бев јас. Но, многу ме засакаа и секогаш ми помагаа", вели Хасан, кој отсекогаш морал да учи напорно.
Тој ги советува луѓето кои сакаат да студираат во странство, да одат во Истанбул.
- Отсекогаш им љубоморев на истанбулците -
„Кога мислам на годините поминати во Истанбул, чувствувам дека ми недостига градот. Јас не сум љубоморна личност, но отсекогаш им љубоморев на тие што живеат во Истанбул. Би сакал Истанбул да е мојот град“, рече тој.
Хасан вели дека живеењето во Истанбул е лесно за странците и секогаш им препорачува на своите пријатели да одат во Истанбул.
- „Пешачев од Џерах Паша до Таксим“ -
Хасан, кој сѐ уште често го посетува Истанбул, го опишува копнежот што го има кон градот: „Пешачев од Џерах Паша до Таксим, јадев риба на Златниот Рог“.
По завршувањето на своето школување, Хасан се вратил во својата земја и се оженил. Работел една година во болницата „Тикур Анбеса“ во главниот град.
Клиниката ја отвора во 2010 година и овој период добива голема поддршка од сопругата.

По управувањето со клиниката 5 години, Хасан ја основа болницата „Афран“ во 2015 година. Во болницата даваат секакви услуги, од педијатрија до гинекологија и општа хирургија.
- Ја основав болницата со мои средства -
Хасан наведува дека ја отворил болницата со свои заштеди и напори, велејќи: „Татко ми секогаш мислеше дека сум различен и дека ќе напредувам. И јас секогаш верувам дека можам да бидам подобар“.
Исто така, Хасан ја изрази потребата за турска болница во Етиопија.
„Турција во областа на здравјето е многу успешна, и во земјата има потреба за отворање турска болница“, истакна тој.
Наведувајќи дека и владата и приватните институции би можеле да преземат иницијатива за ова прашање, Хасан рече дека неговиот сон е да воспостави комплетно опремена, напредна, технолошка болница во Етиопија.