Emre Gürkan Abay
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во пресрет на утрешниот самит на лидерите на Турција и Русија изјави дека во фокусот ќе бидат случувањата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков на прес-конференцијата зборуваше за средбата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, која би требало да биде одржана утре во Москва.
Во таа прилика се осврна на добрата соработка на неколку полиња, меѓу кои се економијата и трговијата, но и воено-техничката соработка.
Тој потсети на низа големи проекти и значајни договори што се водат меѓу двете земји.
„Тоа формира цврсти темели на политичкото поле. Во согласност со тоа, утре лидерите со сигурност ќе зборуваат за Сирија, Украина и други прашања“, појасни Песков.
Фокусот, како што се истакнува, ќе биде на случувањата во Сирија.
„Путин повеќе пати повтори дека ја разбира загриженоста на Турција кога станува збор за Идлиб, но продолжуваат да го загрижуваат и активностите на терористите“, изјави Песков.
Тој додаде дека двајцата лидери ќе присуствуваат и на отворањето на MAKС-2019, Меѓународниот саем на авијација и вселенски истражувања.