Mehmet Yılmaz
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
БУДИМПЕШТА (AA) - Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија, изјави дека Дејвид Костенланчик, вршител на должност во амбасадата на САД во Будимпешта, повикан е на разговор во зградата на министерството за надворешни работи поради мешање во внатрешните прашања на Унгарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сијарто на конференцијата за медиуми во Будимпешта истакна дека планот на американската амбасада за финансирање на медиумските куќи во Унгарија претставува мешање во политичките прашања на таа земја.
Тој додаде дека испратиле одредени прашања до Стејт департментот, и напомена дека сега чекаат одговор од американските власти.
„Одлуката демократска земја од сопствениот буџет да почне да финансира медиумски куќи во друга сојузничка и демократска држава е крајно необична и изненадувачка“, рече Сијарто.
Тој истакна дека Унгарија не се меша во внатрешните прашања на другите земји и додаде дека Будимпешта нема да им дозволи на другите земји да се мешаат во внатрешните прашања на неговата земја.
„Проектот ќе биде заврешен во јануари. Како поинаку да ја наречеме оваа постапка освен мешање во внатрешните прашања на Унгарија и предизборна кампања во нашата држава“, рече Сијарто.