Ahmet Furkan Mercan
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
ТОКИО (АА) – Случаите на Ковид-19 кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 322, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организацискиот комитет соопшти дека Ковид-19 е откриен кај уште 28 лица што дошле во земјата за Олимписките игри Токио 2020.
Четворица странски спортисти кои дошле во Јапонија за Олимпијадата се меѓу 28-те лица што се заразиле со вирусот во текот на последните 24 часа.
Исто така, меѓу заразените со Ковид-19 се 2 официјални службеници и 19 лица што работеле со договор на дело.
Според соопштението, заразените се пренесени во карантин.
Со ова, случаите на Ковид-19 кај акредитираните лица на Олимписките игри во Токио се искачија на 322.