Esat Fırat
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Група од 275 радикални Евреи, во придружба на израелската полиција, упаднаа во дворот на џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Дирекцијата за вакуф во Ерусалим (Кудс) се наведува дека 275 еврејски екстремисти во придружба на полицијата извршиле упад во Ал Акса од влезот Ал Магариб.
Се додава дека еврејските екстремисти, кои во придружба на полицијата кружеа во дворот на џамијата, со низа постапки ја прекршија нејзината светост.
Минатата недела, на влезовите на Ал-Акса во Источен Ерусалим (Кудс), осамнаа плакати на кои се повикуваат муслиманите во петок, 30 март, во утринските часови да го напуштат комплекот поради одбележувањето на Пасха.