Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
МОСКВА (АА) - Протераните дипломати од руската амбасада во Соединетите Американски Држави (САД), денеска пристигнаа со авион во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот со протераните дипломати од руската амбасада во Вашингтон и нивните семејства слетаа утрово на аеродромот „Внуково“ во Москва.
Руските медиуми објавија дека во текот на денот се очекува пристигнувањето и на другиот авион во Москва, во кој патуваат протераните дипломати од рускиот конзулат и руското претставништво во Обединетите нации (ОН).
Американските власти минатата недела наредија протерување на вкупно 60 руски дипломати и затворање на конзулатот во Сиетл.
Руската амбасада во Вашингтон вчера соопшти дека дипломатите и нивните семејства ќе пристигнат денес во Москва со два авиона. Во авионите патуваат вкупно 171 патници.
Американското протерување на руските дипломати следуваше по скандалот со труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија. Слично направија и многу други земји кои се солидаризираа со официјален Лондон, обвинувајќи ја Русија за труење на Скрипал.
Русија ја негираше вмешаноста во случајот „Скрипал“, и на западните земји им возвртаи со протерување на нивните дипломати од Москва и Санкт Петербург.