Hakan Çopur
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Советникот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) за национална безбедност, Џон Болтон, во Белата куќа се состана со амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич, јавува Anadolu Agency (AA).
Сара Сандерс, гласноговорничката на Белата куќа, во соопштение го потврди состанокот на двајцата функционери.
„Болтон и Килич разговараа за американскиот свештеник Ендру Крејг Брансон кој се наоѓа во притвор во Турција, како и за последните случувања во врска со турско-американските односи“, наведе Сандерс.
Потсетуваме, минатата недела, исто така, во Вашингтон се одржани состаноци меѓу функционерите на двете земји во врска со случајот на американскиот свештеник Брансон, кој се наоѓа во притвор во Турција.
Ендру Крејг Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за активности и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО. На барање на Oбвинителството, судот во Измир на 18 јули му изрече мерка притвор на американскиот свештеник за време на судската постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преиначена во домашен притвор.
Во обвинението се наведува дека контактирал со членови на терористичката организација ФЕТО.