Ali H. M.Abo Rezeg
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
РИЈАД (AA) - Бројот на лицата кои дојдоа во Саудиска Арабија од странските земји заради овогодинешните обреди за аџилак изнесува 1,39 милиони луѓе, соопштија саудиските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според саудискиот генерален директорат за пасоши, податоците за доаѓање на лицата за аџилак се од период од 14 јули до 11 август оваа година.
Саудиското Министерство за аџилак и умра на 1 јули соопшти дека се направени аранжмани за сместување на дури два милиони очекувани лица од целиот свет.
Минатата година, околу 1,75 милиони муслимани ја посетија Саудиска Арабија за да одат на аџилат, додека на умра биле уште 6,53 милиони.
Со оглед на тоа дека на аџилакот во Мека се собираат муслимани од сите страни на светот, аџилакот е еден од најбројните собири на светот.