Seda Sevencan
30 Октомври 2022•Ажурирај: 31 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 100 луѓе загинаа во експлозии во главниот град на Сомалија, Могадишу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Хасан Шеик Мохамуд, по посетата на местото на експлозиите, изјави дека во терористичките напади повредени се над 300 луѓе, јави сомалиската национална новинска агенција (СОННА).
Тој истакна дека бројот на загинати може да порасне.
Двата посебни напади извршени вчера на крстосница во Могадишу од терористи со возила бомби оставија голем број загинати.