Gökhan Kavak
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
МОГАДИШУ
Претседателот на Сомалија Мохамед Фермаку ги суспендираше премиерот Мухамед Хусеин Робле и командантот на поморските сили Абас Амин Али под обвинение за „корупција“ и „злоупотреба на јавен имот“, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави канцеларијата на сомалиското претседателство се вели „Пред да биде завршена тековната истрага за злоупотреба на јавниот имот, премиерот [Мухамед Хусеин Робле] назначи нов министер за одбрана на 26 декември. Должностите и овластувањата на премиерот се суспендирана во тек истрага.“
Во соопштението се наведува дека претседателот Фермаку ги суспендирал премиерот Робле и командантот на поморските сили Али под обвинение за „корупција“ и „злоупотреба на јавен имот“.
Фермаку го обвинува Робле дека не може да управува со земјата, додека премиерот тврди дека претседателот намерно ги одложил изборите.
Претседателските кандидати на опозицијата во Сомалија изјавија дека поради недостиг на транспарентност во тековните парламентарни избори во земјата, на 1 декември решиле да бојкотираат.
Во земјата, во која настанаа насилства поради доцнењето на изборниот календар, тензиите се намалија откако премиерот Робле го презеде процесот, но со тоа започнаа дебати меѓу Робле и претседателот Фермаку околу овластувањата.
Изборите за народното собрание на Сомалија започнаа на 16 ноември.