Ekipa
26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудиска Арабија ги демантираше написите во медиумите за увоз на божиќни дрвца и облека на Дедо Мраз, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саудиската управа за закат, данок и царина соопшти дека е забранет увозот на божиќни дрвца или какви било други верски симболи освен исламските.
Соопштението следуваше како одговор на прашањето на корисник на Твитер дали сега е дозволен увоз на божиќни дрвца во кралството.
Странските медиуми претходно известуваа дека божиќните дрвца, божиќните украси и облеката на Дедо Мраз сега се продаваат во продавниците во кралството.
Странците христијани кои работат во Саудиска Арабија, главно од Либан и Филипините, навикнати се да го слават Божиќ само во комфорот на својот дом.
Саудиска Арабија во последните години доживеа низа брзи општествени, културни и економски промени иницирани од принцот Мухамед бин Селман.