Michael Hernandez
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку три лица се хоспитализирани откако во воената база во американската сојузна држава Вирџинија отвориле пратка со непозната супстанца, јавува Anadolu Agency (AA).
Персоналот на воената база Форт Маер-Хендерсон Хол во Арлингтон ја отвориле пратката во која се наоѓала сомнителната супстанца.
По отворањето на писмото, најмалку 11 лица се пријавиле дека се чувствуваат лошо, а три лица се хоспитализирани.
Локалните власти соопштија дека хоспитализираните лица се вон животна опасност.
Започната е истрага со цел утврдување на видот и потеклото на супстанцата која со писмо пристигнала во базата. Истрагата ја спроведува Федералното истражно биро (ФБИ) и Морнаричкиот истражен центар за криминал (NCIS).