Ekipa
13 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Поради немирите кои избувнаа при демонстрациите одржани во градот Шарлотсвил, во американската сојузна држава Вирџинија, прогласена е вонредна состојба во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Настана судир на демонстрациите кои ги започнаа расистички групи заради намерата за отстранување на статуата на командантот на конфедерациската армија, која се наоѓа во градот Шарлотсвил.
Тензиите во градот се зголемија откако на местото каде што се одржуваа демонстрациите и се наоѓаа вооружени расистички групи, пристигнаа и спротивставени групи. Откако групите одвреме-навреме се напаѓаа едни со други, општината Шарлотсвил прогласи вонредна состојба во подрачјето.
Гувернерот Тери МекАлиф соопшти дека ги дал потребните наредби за безбедносните сили да ја осигураат безбедноста во подрачјето.
Американските медиуми велат дека сè до наредбата на гувернерот за вонредна состојба, безбедносните сили не презеле доволни безбедносни мерки во регионот.
Демонстрантите кои носеа факели на начин кој потсетува на организацијата „Ku Klux Klan“, за време на демонстрациите одржани на Универзитетот Вирџинија извикаа слогани како: „Евреите не ќе можат да влезат на нашето место“, „Крв и земја“, „Еден народ, една нација, крај на миграцијата“.
Демонстрантите почнаа да се собираат во градот против намерата за отстранување на статуата на командантот на конфедерациската армија за време на американската граѓанска војна, генералот Роберт. Е. Ли, која се наоѓа во Шарлотсвил.
Градоначалникот на Шарлотсвил, Мајк Сингер, упати критики до демонтрациите организирани од страна на расистите окарактеризирајќи ги како: „Кукавичка омраза, биготизам, марш на расизмот и нетолеранцијата“.
И минатиот месец поддржувачите на „Ku Klux Klan“ (Кју Клукс Клан) одржаа протести во Вирџинија.
Јужните сојузни американски држави членки на Конфедерацијата, пред американската граѓанска војна го поддржуваа ропството поради економијата втемелена на земјоделството. Знамето на Конфедерацијата кое се сметаше како „сепаратистичко-расистички симбол“ од страна на значителен дел од населението, а воедно беше поставен до знамето на САД во одредени јужни сојузни држави, е отстранет од повеќето сојузни држави.