Sarp Özer
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Состанокот меѓу воените делегации на Турција и Грција ќе се одржи на 10 септември, четврток, во Командата на НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од извори од турското Министерство за одбрана, по разговорите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испланирана е средба меѓу воените делегации на Турција и Грција во Командата на НАТО.
Состанокот што беше планиран да се одржи денеска меѓу воените делегации на Турција и Грција во Командата на НАТО, е одложен за 10 септември од страна на претседателот на Воениот комитет на НАТО.