İsmail Şen
30 Јануари 2026•Ажурирај: 03 Февруари 2026
ЕЛАЗИГ (АА) - Кафуле во градот Елазиг, во источна Турција, стана познато откако вработениот Јакуп Куш спаси зајаче од устата на мачка и го нарече Буцко, кое подоцна стана заштитен знак на локалот, пишува Анадолу.
Инцидентот се случил пред шест месеци во Елазиг, кога Куш, инаку шеф на персоналот во кафулето, видел мачка како се обидува да улови зајаче.
Без двоумење, Куш интервенирал, го спасил зајачето и се грижел за него додека не закрепнало. Подоцна го вратил кај мајката, но Буцко повторно се вратил во кафулето и останал таму.
„Последниве шест месеци постојано се грижам за Буцко. Го гледав како расте и се развива, а со текот на времето меѓу нас се создаде посебна врска“, вели Куш.
Тој додава дека иако веќе пет години работи во кафулето, токму Буцко внел посебна топлина во работната атмосфера.
„Кога го најдов, беше новородено зајаче. Може да се каже дека повторно се роди.“ рече тој.
Иако во рекреативниот центар во кој се наоѓа кафулето има и други зајаци, Буцко најмногу сака да биде меѓу луѓе и речиси никогаш не го напушта кафулето.
Посетителите го хранат со портокали, овошје и лисест зеленчук, а тој слободно се движи од маса до маса.
Една од редовните клиенти, Сена Јилдирим, вели дека порано доаѓала во кафулето за да се сретне со пријателите, но сега главната причина е Буцко, кој со својата симпатичност брзо стана омилен меѓу гостите.