Bojana Stojanovic
30 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
БЕЛГРАД (AA) - Полицијата во Белград го уапси В.Ќ. (33), осомничен дека произведувал и продавал дрога, а во таа акција се запленети и 2,3 килограми хероин, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Освен хероин, полицијата со претрес на становите и другите простории кои ги користеле осомничените пронајде и околу 704 грама амфетамин, како и две електронски ваги за прецизно мерење.
Осомничениот е приведен во Јавно обвинителство во Белград.