Atila Altuntaş
30 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
СТОКХОЛМ (AA) - Деведесетедногодишник кој живее во близина на градот Кристианштад, во Шведска, казнет е со околу 630 евра поради навредување на муслиманите на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Судот во Кристианштад соопштено е дека 91-годишник извршил злосторство од омраза и дека го користел изразот „одвратни суштества“ за муслиманите.
Осуден е на два месеца затвор, но казната, поради неговите години му е преиначена во парична.
Локалните медиуми наведуват дека се работи за највозрасно лице кое поради навредување на социјалните мрежи е казнето во оваа земја.