Gülşen Topçu
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
КАИРО (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел со египетскиот претседател Абдел Фатах Сиси разговараше за борбата против тероризмот и за илегалната миграција преку Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларката Меркел во Берлин го прими египетскиот претседател Сиси. На средбата станало збор и за кризата во односите меѓу некои од земји од Заливот и Катар, како и за ситуацијата во Либија.
Пофалувајќи ги билатералните односи меѓу Германија и Египет, Меркел истакна дека официјален Берлин ќе продолжи со поддршката на реформската политика на Египет.
Од друга страна, Сиси во текот на средбата истакна дека сака да воспостави безбедност на подрачјето на целиот Египет, и да придонесе за мирно решавање на кризата во Сирија и во Либија.
Тој додаде дека треба да се заострат санкциите кон државите кои го поттикнуваат и го финансираат тероризмот, како закана за светскиот мир.