Emre Aytekin
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
МАЈАМИ (АА) - Поранешниот претседател на Панама, Рикардо Мартинели е приведен во американската сојузна држава Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на судската полиција, кои се дел од Министерството за правда, соопштија дека на барање на Панама, вчера е приведен Мартинели во неговиот дом, во близина на Мајами.
Соопштено е дека Мартинели е во притвор во федералниот затвор во Мајами.
Се очекува во текот на неделава, поранешниот претседател на Панама, Мартинели, да се појави пред судот на сослушување за екстрадиција.
Владата на Панама во септември поднесе барање до САД за екстрадиција на Мартинели.
Тој е обвинет дека во периодот 2009 – 2014 година, кога ја извршувал функцијата претседател на Панама, нелегално ги прислушувал своите политички противници. Недозволено биле прислушувани телефоните на повеќе од 100 лица, меѓу кои има политичари, опозициски новинари, бизнисмени и лидери на синдикатите. Истовремено, поранешниот претседател на Панама е обвинет и за корупција, што не е дел од барањето за екстрадиција.
Мартинели ги отфрла сите обвинувања, истакнувајќи дека сите обвинувања се дел од планот на неговиот наследник, за тој да биде отстранет од политичката сцена.