Oktaj Omeragikj
09 Декември 2025•Ажурирај: 10 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамките на посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, Тани бин Ахмед ал Зејуди, известува Анадолу.
На средбата двајцата министри ги потврдиле одличните билатерални односи и го истакнале растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Во разговорот посебен акцент бил ставен на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна соработка.
Министрите ја потврдиле подготвеноста на двете држави да ја интензивираат соработката во областите од заемен интерес, вклучувајќи инфраструктура, енергетика, туризам и технологија – сектори во кои ОАЕ се препознава како глобален лидер во иновациите.
Муцунски и Ал Зејуди се согласија дека денешната средба отвора врати за нови инвестиции и заеднички проекти кои значително ќе ја зајакнат економската поврзаност меѓу двете земји.