Kemal Karadağ
25 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Во Анкара, главниот град на Туркије, се одржува состанок на делегацијата на Финска и претставниците на турското Министерство за правда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во турската престолнина престојува делегацијата на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО со Шведска и потпиша трипартитен меморандум со кој се обврза дека ќе соработува со Туркије против терористичките организации.
Утрово започна средбата меѓу претставниците на Министерството за правда на Финска и претставниците на Министерството за правда на Туркије.
Делегацијата на Министерството за правда на Туркије ја предводи генералниот директор за надворешни односи и Европската Унија, Касим Чичек.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина. Сепак, како членка на НАТО, Туркије изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги Шведска и Финска дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките организации.
Трите земји потпишаа трилатерален меморандум за разбирање на самитот на НАТО во јуни во Мадрид, со кој се предвидува дека Финска и Шведска повеќе нема да даваат поддршка на ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, или на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за неуспешниот обид за пуч во Туркије.
Финска и Шведска, исто така, се согласија да ги решат испратените барања од Анкара за депортација или екстрадиција на осомничените за тероризам.
Турскиот Парламент мора да го ратификува одобрението за Шведска и Финска да станат нови членки на НАТО.