Michael Hernandez
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Вториот самит меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговиот севернокорејски колега, Ким Џонг Ун, ќе се одржи во Виетнам кон крајот на овој месец, соопшти Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп не кажа во кој град ќе се одржи средбата, но нагласи дека ќе биде 27-28 февруари.
„Ни преостанува уште многу работа за завршување, но мојот однос со Ким Џонг Ун е еден добар однос“, рече Трамп, мислејќи на лидерот на Северна Кореја.
Преговорите во голема мера престанаа по историскиот самит меѓу Трамп и Ким минатиот јуни во Сингапур. Критичарите велат дека договорот што произлегол од состанокот е премногу нејасен и поради тоа не успеал да даде значителен напредок во ослободувањето на Северна Кореја од својот нуклеарен арсенал.
Трамп инсистираше на тоа дека шансите Северна Кореја да ја прекине својата нуклеарна програма се скромни, само неколку дена откако неговите високи разузнавачки претставници тврдеа дека постои мала веројатност земјата да се откаже од својата нуклеарна програма, и дека тие и понатаму забележуваат „одредена активност што е неконзистентна со процесот на целосна денуклеаризација“ по самитот во Сингапур.