Emre Gürkan Abay
05 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
МОСКВА (АА) – Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, соопшти дека по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF), ќе развијат два нови копнени ракетни системи, јавува Anadolu Agency (AA).
Шојгу, за време на состанокот со руските воени претставници, разговараше за чекорите што ќе бидат преземени по повлекувањето на САД од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.
Шојгу, тврдејќи дека САД развиле копнени проектили кои ги надминуваат границите на Договорот ИНФ 500 километри, рече: „Рускиот претседател Владимир Путин даде инструкции, со кои треба да се даде симетричен одговор на оваа иницијатива.“
Информирајќи дека се започнати активностите кои ќе го покријат периодот 2019 - 2020 година, Шојгу изјави:
„До 2021 година мора да заврши развојот на крстосувачката копнена ракета со голем дострел и копнената хиперсоничната ракета со голем дострел. Зголемувањето на опсегот на ракетни системи распоредени на копно е од големо значење“, истакна Шојгу.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека еднострано ќе се повлече од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, кој неговата земја го потпиша со Советскиот Сојуз во 1987 година, и според кој се забранува употреба на ракети со боеви глави, чиј дострел изнесува меѓу 500 и 5.500 километри.
Рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи ги САД за кршење на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), нагласи: „И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД најавија дека го суспендирале Договорот, и ние го суспендираме.“