Bedrudin Brljavac
29 Август 2024•Ажурирај: 31 Август 2024
ГАЗА (АА) - Израелската армија повеќе од десет месеци извршува брутални напади врз Појасот Газа, во кои најголем број од жртвите се деца и жени, известува Анадолу.
Секој ден децата се жртви на израелските напади, а во еден од нападите врз шаторската населба во Деир ал Балах е убиено момче.
Неговата мајка дошла во болницата, каде што доживеала голем шок и едноставно не можела да се помири со фактот дека нејзиниот син е мртов.
Репортерот на Агенција Анадолу го снимил срцепарателниот плач на жената што се обидувала да го оживее својот син. Во еден момент Палестинката го зела синот в раце и се обидела да го оживее, не верувајќи дека е мртов.
Со масажа на срцето таа се обидувала да го оживее синот, кој веќе бил мртов.
Секој ден децата се жртви на израелските напади, а во еден од нив е убиено момче. Неговата мајка дошла во болницата, каде што доживеала голем шок и едноставно не можела да се помири со фактот дека нејзиниот син е мртов.
„Драг сине, разбуди се, тука е мајка ти“, викала таа, а потоа почнала да липа и да плаче, а луѓето околу неа ја тешеле, но безуспешно. Палестинката не можела да се помири со фактот дека нејзиното дете е мртво.
Најмалку 58 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на убиени од 7 октомври минатата година достигна 40.534, соопшти вчера Министерството за здравство на палестинската енклава.
Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
Блокадата на Појасот Газа доведе до недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од енклавата е во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.