свет

Станицата во Марсеј е евакуирана поради заборавен куфер

- Станицата беше евакуирана околу девет часот по локално време поради заборавен куфер, а имаше и доцнења во услугите

Esra Taşkın  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Станицата во Марсеј е евакуирана поради заборавен куфер

ПАРИЗ (АА) - Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј на југот на Франција е евакуирана поради заборавен куфер, известува Анадолу.

Според соопштението на јужната единица на француската национална железничка компанија SNCF, заборавен куфер на станицата Сен Шарл во Марсеј предизвикал прекин во железничкиот сообраќај.

Станицата била евакуирана околу девет часот по локално време поради заборавен куфер, а имало и доцнења во нејзините услуги.

Железничкиот сообраќај е обновен еден час подоцна.

Неколку часа пред вчерашната церемонија на отворање на Олимписките игри во Франција, ширум земјата беа опожарени некои делови од железницата во Пањи-сур-Мосел, Куртален и Кроазил.

Спречен е обидот за подметнување пожар на железничката пруга во Вержињи.

И покрај тоа што е започната истрага за инцидентот, сторителите сѐ уште не се пронајдени.

Како последица од подметнатите пожар дошло до прекин во железничкиот сообраќај, особено кон Атлантикот, и кон северните и источните делови на земјата.

Според вчерашните прогнози на SNCF, транспортот во железничките линии кои се движат кон истокот на земјава денеска ќе се одвива нормално, додека 80 % од линиите во насока кон север ќе доцнат еден до два часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.