Beyza Binnur Dönmez
04 Април 2024•Ажурирај: 05 Април 2024
ЖЕНЕВА (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес, по повод одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на Алијансата истакна дека таа не само што шири „мир, демократија и просперитет“ низ Европа, туку и „ја мултиплицира моќта на Америка“, јавува Анадолу.
„Денес ја одбележуваме 75-годишнината од најсилниот, најтрајниот и најуспешниот сојуз во историјата“, рече Столтенберг на комеморативната церемонија во Брисел.
„На Европа ѝ е потребна Северна Америка за нејзината безбедност. Во исто време, на Северна Америка ѝ е потребна Европа“, рече Столтенберг и додаде:
„Европските сојузници обезбедуваат војска од светска класа, огромна разузнавачка мрежа и единствено дипломатско влијание, мултиплицирајќи ја моќта на Америка.“
Тој нагласи дека не верува во „само Америка“ или „само во Европа“.
„Верувам во Америка и во Европа заедно во НАТО бидејќи заедно сме посилни и побезбедни“, додаде тој.
Столтенберг, исто така, истакна дека правичното споделување на товарот меѓу членките е од суштинско значење и посочи дека Европа инвестира повеќе, бидејќи мнозинството сојузници на НАТО ќе инвестираат најмалку 2 отсто од БДП во одбраната во 2024 година.
Годишнината се одбележува во период кога Алијансата, формирана по Втората светска војна, сега има рекордни 32 земји членки, откако неодамна беа примени Норвешка и Шведска, кои побараа влез поради војната во Украина, како и новите предизвици поради понаметливата Русија, но и поради климатските промени, регионалните судири и американскиот претседателски кандидат кој се закани дека ќе ја напушти Алијансата.