Ömer Tuğrul Çam
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
РИГА
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Русија и Кина го поткопуваат меѓународниот поредок кој е базиран врз правила, и дека демократијата и слободите се под тежок притисок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг имаше свое обраќање на Безбедносниот самит што се одржува во Рига, главниот град на Латвија, во рамки на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Осврнувајќи се на новиот Стратешки концепт на НАТО што е планиран да се прифати на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи наредната година во Шпанија, Столтенберг нагласи дека последниот документ за Стратешкиот концепт е одобрен на Самитот во Лисабон во 2010 и дека од тој период досега бројни промени се настанати во светот.
„Русија и Кина го поткопуваат меѓународниот поредок кој е базиран врз правила, се менува балансот на моќта. Демократијата и слободите се под тежок притисок“, рече Столтенберг, додавајќи дека документот за Стратешкиот концепт го содржи токму ова.
Тој истакна дека треба да се штитат вредностите како демократијата и владеењето на правото и слободите, врз кои е изграден НАТО.
„Овие вредности се под тежок притисок и однадвор од нашата алијанса, и одвнатре во нашите земји. Авторитарните режими го уназадуваат меѓународниот поредок што е базиран врз правила, и ги поддржуваат алтернативните модели на управување. За поткопување на нашите народи, тие користат дезинформации и пропаганди, и користат лоши кибералатки со цел да се вмешаат во нашите избори. Исто така, во нашите земји постојат радикалисти и политички групи кои не ги почитуваат нашите демократски вредности“, додаде тој.
Столтенберг нагласи дека додека се зајакнуваат демократиите, треба да се зајакнува и воената моќ.
Според него, во последниот документ за Стратешки концепт постои оценување дека Северниот Атлантик се наоѓа во мир, но дека сега постојат некои предизвици како агресивниот став на Русија и зголемувањето на глобалното влијание на Кина.
„Треба да ја зајакнуваме нашата одбрана и нашата одвраќање во непредвидливиот свет“, рече Столтенберг.
Истакнувајќи дека НАТО е Алијанса на Северна Америка и Европа, Столтенберг нагласи дека регионот се соочува со глобални закани и дека Алијансата треба да ја зајакнува соработката со своите азиско-пацифички партнери и со ЕУ.