Bilgin S. Şaşmaz
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
ЧИКАГО (АА) - Повеќе стотици лица учествуваа во мирна прошетка во американскиот град Чикаго, во знак на поддршка на палестинскиот народ и против израелските напади на претставниците на медиумите и медицинските работници на границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 300 лица се собраа пред израелскиот Генерален конзулат, извикувајќи слогани против Израел. Во рацете носеа палестинско знаме и фотографии на убиените волонтери, цивили и на 21-годишната Палестинка Разан ал-Наџар, која е убиена додека волонтирала како медицинска сестра.
„Слобода за Палестина“, „Да живее Палестина“, извикуваа насобраните граѓани додека шетаа до плоштадот „Дејли плаза“. За време на протестите, кои беа завршени без инцидент, преземени се полициски мерки.
Израелските војници, за време на мирните демонстрации со назив „Голем марш за враќање“, кои од 30 март се одржуваат на границата на Газа, усмртија над 120 и ранија повеќе од 13.000 Палестинци.