Ali Semerci
09 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
ГАЗА (AA) - Израелските вооружени сили убија најмалку четири Палестинци, меѓу кои и едно дете, а претходно 618 лица во текот на протестите во петок кај граничната ограда на Појасот Газа и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорник на Министерството за здравство на Палестина, Ашраф ал-Кудра за АА истакна дека израелските војници со боева муниција усмртија четворица Палестинци, во старосна возраст од 15 до 29 години.
Меѓу жртвите е и 15 годишниот Хаитхам ал-Џамал кој е убиен источно од Кан Јунис на југот на Појасот Газа.
Ал-Кудра додаде дека во текот на протестите се ранети вкупно 618 лица, од кои 117 лица со боева муниција, додека меѓу ранетите се наоѓаат и двајца здравствени работници и пет новинари.
Израелските војници во текот на мирните демонстрации „Големиот марш за враќање" кои од 30 март се одржуваат на границата на Газа, усмртија околу 120 и ранија повеќе од 13.000 Палестинци.