Ahmed al-Masri,Zeynep Tüfekçi
09 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
РИЈАД (АА) - Балистичката ракета, истрелана од позицијата на бунтовничкото шиитско движење Хуси во Јемен, падна на подрачјето на пограничниот град Најран во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот за безбедност на Министерството за внатрешни работи, полковникот Турки ел Малики, потврди дека врз Најран биле истрелани две ракети. Едната, како што рече, паднала на подрачјето на Јемен, а другата на пустинското подрачје во Најран.
Конфликтите во Јемен додатно се зголемени во март 2015 година кога Саудиска Арабија со своите сојузници започна да извршува воздушни напади врз позициите на бунтовниците. Оттогаш Хусите врз Саудиска Арабија истрелаа 149 ракети.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење Хуси го контролираат главниот град Сана и уште неколку важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен дејствува од пристанишниот град Аден.