Oktaj Omeragikj
19 Октомври 2025•Ажурирај: 20 Октомври 2025
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Стотици луѓе во Мексико Сити, главниот град на Мексико, учествуваа во традиционалниот зомби марш што се одржа во историскиот центар на градот, известува Анадолу.
Луѓе облечени како зомби и други ликови од хорор филмови формираа поворка и маршираа низ градските улици.
Во текот на целиот настан, некои учесници го привлекоа вниманието со лажна крв и специјална шминка, додека присутните ја снимаа поворката со своите мобилни телефони.
Зомби маршот, настан што започна во раните 2000-ти и брзо се прошири низ целиот свет, сега на слични активности се одржува во повеќе од 50 земји.