22 Септември 2021•Ажурирај: 23 Септември 2021
КАРТУМ (АА) - Влијателниот судански генерал Хамдан Дагало, познат како „Хемедти“, ги обвини политичарите за неуспешниот обид за државен удар во Судан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Причините за воениот удар се политичарите кои ги занемаруваа услугите за граѓаните и беа преокупирани со места и моќ“, рече Хемедти, заменик-водач на Суданскиот владејачки суверен совет, за време на церемонијата одржана по повод дипломирањето на припадниците на војската во Картум.
Во вторникот, суданските власти спречија обид за државен удар од страна на група воени офицери.
Во соопштението на војската се наведува дека 21 армиски офицер и десетици војници се приведени во врска со неуспешниот обид за државен удар.
„Кризата во Судан ќе се реши само преку единство и работа во патриотски дух“, изјави Хемедти.
Во април 2019 година, суданската војска го смени долгогодишниот претседател Омар ал Башир по масовните протести против неговото владеење.
Во август истата година беше формиран цивилно-воен транзиционен орган кој ја предводеше политичката транзиција во период од три години.