Zehra Nur Düz
09 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
КАРТУМ (АА) - Премиерот на Судан, Абдула Хамдок, без повреди избегна атентат, откако е нападнат неговиот конвој, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци велат дека бомба поставена покрај патот експлодирала додека неговиот конвој минувал преку мостот „Кобер“, којшто ги поврзува северниот дел на главниот град Картум со центарот на градот.
Во експлозијата нема загинати, а врз возилата е причинета материјална штета.