Mustafa Deveci
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
Во текот на судирите до кои дојде помеѓу израелската полиција и Палестинците што сакаа да клањааат бајрам намаз на влезовите во Ал Акса, приведени се најмалку 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Многу Палестинци што живеат во Источен Ерусалим (Источен Кудс) дојдоа до Стариот Град за да клањаат на влезовите на Ал Акса, која поради коронавирусот (Ковид-19) е затворена за молитви.
Израелската полиција, наведувајќи дека поради пандемијата е дозволено најмногу 50 лица да извршуваат молитва на отворен простор, постави барикади на влезовите во Стариот Град и на Палестинците им оневозможи да дојдат до влезот на Ал Акса.
Многу Палестинци, што сакаа да клањаат бајрам намаз во Ал Акса, преминаа преку барикадите, поради што дојде до судир со израелската полиција.
Израелската полиција приведе најмалку четворица Палестинци.
Палестинците по судирите преминаа преку барикадите и дојдоа до влезот во Ал Акса.
Верниците и на ова подрачје го дочекаа Рамазан бајрам во сенка на пандемијата.
Претходно е соопштено дека Ал Акса, која поради Ковид-19 е затворена подолго од два месеца, по Бајрам повторно ќе биде отворена за молитви.