Ahmet Dursun
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
АНКАРА
Во Иран, во изминатите 24 часа, како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 58 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.417, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во последните 24 часа се регистрирани 58 смртни случаи од Ковид-19 и 2.180 новозаразени лица.
Според тоа, бројката на смртни случаи од коронавирусот низ целата земја е зголемена на 7.417, а вкупната бројка на случаи на 135.701.
Истакнувајќи дека во голем број покраини бројот на починати и на новозаразени се намалува, Џиханпур рече: „Во последните 24 часа во 13 покраини не е регистриран смртен случај од Ковид-19.“
Портпаролот на Министерството за здравство рече дека покраината Хузистан, која се наоѓа во југозападниот дел на земјата, е сè уште регион со највисок ризик.
Џиханпур, истакнувајќи дека 2.615 заразени се наоѓаат во критична состојба, рече дека од почетокот на пандемијата во Иран излекувани се 105.801 лице.
Според Џиханпур, во земјата досега се направени 800.519 тестови за Ковид-19.